Почитувани студенти,
Доколку пристапувате на GFMoodle по прв пат, за да се најавите на платформата и почнете да ги следите Вашите курсеви потребно е да го направите следното:
- Кликнете на Log In во горниот десен агол од екранот за да појдете на страната за најава или кликнете тука.
- Не внесувајте корисничко име или лозинка, туку веднаш кликнете на "Forgotten your username or password".
- Во Search by email address внесете го Вашето корисничко име (е-mail адреса), кое што е идентично со корисничкото име што го користите за најава на системот iKnow.
- Новата лозинка ќе пристигне на Вашата е-мејл адреса.
- Опционално, по најавата со новата лозинка, Во Вашиот профил истата може да ја ресетирате и да внесете Ваша препознатлива лозинка.